Груевски: Падна во вода како круша тезата на СЈО дека била протежирана фирма при набавка на мерцедесот

by fokus

Обвинетиот во предметот „Тенк“, Никола Груевски, по завршувањето на денешното рочиште за набавката на луксузниот мерцедес изјави пред судот дека сведоците на одбраната ги побиле тезите на Специјалното јавно обвинителство дека при набавката била фаворизирана фирма. Како што рече Груевски сведоците дале нова светлина на случајот и докажале дека нема ништо спорно со набавката.

Првиот сведок, Зоран Василевски, кој е на раководна позиција во фирмата „Аутомакедонија“ која била конкурент на тендерот, објаснил дека по промена на законитe во 2005 година станало возможно сите фирми регистрирани за трговија со возила да понудат на тендер возила  од било која марка без разлика [то не се овластени.

-Падна во вода како круша тезата на СЈО дека е протежиран „Мак ауто стар“ и дека само оваа фирма можела да се јави на тендерот. Можел да се јави било кој. Вториот сведок Страхил Глигоровски кој е еекономски вештак, го потврди тоа што го знаеме, односно дека во случајот со набавката не постои штета. Компанијата која го продава возилотот заработила маржа, односно вообичаена заработка на таа компанија, не отишла над вообичаените цени и нема остварено никаков екстра профит. Од тука се потврди дека нема штета, а кога нема штета нема ни дело – изјави Груевски.

Третиот значаен сведок, според него, е техничкиот вештак, ангажиран од компанијата ЕОС консалтинг. Она што е спорно, според Груевски, е што фирмата е во сопственост на поранешен потпретседател на Владата на СДСМ, Димитар Булзлевски, додека вештакот, рече, е поранешен пратеник на СДСМ и поранешн заменик министер за образование и наука.

-Тоа се луѓе кои со години како мои политички противници оделе по куќи, медиуми, каде ќе стигнат, збореле и се бореле против мене, ме оцрнувале и сега од над илјада вештаци во Македонија, баш  тие мои политички противници СЈО ги одбира да бидат вештаци и да изработат вештачење врз база на кое судот треба да донесе одлука. Но судот од политички притисок да не згреши пред власта го одби приговорот – додаде тој.

Груевски нагласи дека освен тоа вештакот не бил експерт за таа област. Освен тоа, рече поранешниот премиер, доколку МВР сакало да го набави ексклузивно тоа возило, можело да го стори без никакво тендер затоа што станува збор за блендирано возило.

-И покрај лошите намери од страна на СЈО,беше интересен ден, се кажаа интересни работи. Станува збор за предмет сериозно инкоструиран, никаде во светот нема ваков предмет, премиер да одговара за возило набавено од друга институција – посочи тој.

Поврзани новости