Наташа Крстевска – Мијата: Диплам алишта само пред празници!

by Fokus 16:55
16:55

Поп пејачката Наташа Крстевска – Мијата деновиве подготвува ново музичко изненадување за своите фанови. Нејзината нова песна ,,Домаќинска’’ за која се снима и спот премиерно ќе биде прикажана наредната недела, и започнува со интересни стихови – Диплиме алишта само пред празници.

Пејачката, која е и една од дваесетте жени во Македонија која работи како контролор на летање и се грижи за безбедноста на воздушниот сообраќај, за ,,Фокус’’ раскажува дека песната ја снимила со задоволство, а инспирацијата ја пронашла во судирот помеѓу постарите и помладите генерации на домаќинки.

-Песната е ода за нас, модерните домаќинки! Идејата за неа ми дојде од судирот со постарите генерации, кои постојано нагласуваат што и како правеле тие, а ние помладите денес како домаќинки не го правиме. Едноставно, денес нашиот живот е со други приоритети. Затоа и ,,Домаќинска’’ започнува со стиховите – Диплиме алишта само на празници – вели Мијата.

Таа е автор на музиката и текстот, додека аранжманот е на Mark Purpose. -Спотот е во соработка со ЕСРА академија и видеото ќе биде направено во театарски стил. Веќе наредната недела слушателите и гледачите ќе можат да уживаат во ова ново парче од мојата музичка работилница.

Во спотот, покрај мене учествуваат и Стефанија Милевска, која воедно е и кореограф на видеото, Ангела Здравковска и Катерина Илиоска – ни изјави Мијата. Крстевска се појави на сцената пред околу 13 години. На десетгодишнината од своето творештво го издаде албумот ,,Небеска’’. И покрај тоа што за сите овие години има снимено релативно мал број на песни, секоја нејзина нумера е хит кој што трае.

Вики Клинчарова

Поврзани новости