СДСМ: Мицкоски да не се крие зад социјалните мрежи, туку да излезе пред граѓаните

by fokus

Христијан Мицкоски да не бега од јавноста повеќе од десет дена, криејќи се зад социјалните мрежи, туку да излезе пред граѓаните и да одговори на прашањата поврзани со договорите вредни 10.5 милиони евра, склучени во неспоредни спогодби, во период кога тој раководел со АД ЕЛЕМ, повикаа денеска од СДСМ.

-Факт е законот за минимална плата дава резултати и дека просечната плата расте во однос на изминатите години. Тоа е потвредно и преку јавно објавените податоци од Државниот завод за статистика.

Податоците коишто покажуваат дека просечната исплатена нето плата во февруари 2018 е за 3,6 отсто повисока од платата исплатена во февруари 2017 година. Мицкоски може самиот да си направи споредба, заклучокот е тој. Очигледно е дека Мицкоски останува посветен на продолжување на политиките на лажни вести, поделби и манипулации што беа главна одлика на неговиот претходник Никола Груевски. Со тоа, Мицкоски покажува дека нема капацитет да излезе од поразената матрица на Груевски и дека се уште е ревносен поддржувач на неговите политики, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости