Невини луѓе се наоѓаат во притвор, само затоа што слободно размислуваат и си ја сакаат и почитуваат сопствената држава и тоа преставува редок пример за една заробена држава во која наместо функционирање на правото и правната држава се носат одлуки под политички диктат, му рекол Никола Груевски на министерот за надворешни работи на Унгарија, Петар Сијарто на денешната средба.
-ВМРО-ДПМНЕ го поддржа зачленувањето во НАТО и ЕУ и како такво беше подготвена да учествува во реформскиот процес се до моментот кога владата на СДС ги помина сите линии со почнувањето на политичкиот прогон што го започна по доаѓањето на власт кој колуминираше со притвор на 6 пратеници за непостоечко дело тероризам. За жал нема реформи, туку само континуирани ветувања дека ќе ги има, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата Груевски изразил загриженост за европската мигрантска криза и ја посочил потребата од будно следење на состојбата и активни мерки со кои ќе се помогне во надминување на предизвиците.