Иванов на 26 декември за првпат ќе се обрати во Собранието со мнозинство на СДСМ

by fokus

Претседателот на државата Ѓорге Иванов идниот вторник (26 декември) напладне ќе им се обрати на пратениците во Собранието.

Тоа е редовното годишно обраќање на претседателот на државата пред законодавниот дом, предвидено со Уставот на државата.

Ова ќе биде првпат во веќе вториот мандат на претседателот Иванов, тој на новогодишното обраќање во Собранието да не се обраќа на мнозинство пратеници од партијата која го кандидираше.

Поврзани новости