421
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денеска не присуствуваше на собраниската седница затоа што претходно отпатувал за Виена каде имаше средба со генералниот секретар на владеачката австриска партија, Вернер Амон.
Се очекува тој да се врати во земјава ноќеска, а неговото отсуство беше протолкувано како кукавички чин и бегство од државата во најдраматичните моменти.
За време на насилството во Собранието, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во главниот град на Австрија пишуваше статуси на Фејсбук повикувајќи на присебност.