405
Бегалецот Никола Груевски, преку неговите адвокати изминатите четири месеци го затрупал Апелацискиот суд во Скопје со жалби за определниот пртивор во предметите на СЈО, откако избега во Будимпешта, Унгарија.
Ова го покажа седмиот шестмесечен извештај кој го објави специјалното јавно обвинителство. Во извештајот на СЈО пишува дека Груевски преку неговите адвокати се жалел до второстепениот суд дека му е определен притвор во предметите: „Траекторија“, „ТНТ“ „Насилство во Центар“ и „Талир 2“.
За поранешниот премиер засега има само една правосилна пресуда и тоа за случајот „тенк“, во кој беше осуден на 2-годишна затворска казна.