Почина и 50-та жртва од терористичкиот напад во Нов Зеланд

by fokus

Полицијата на Нов Зеланд соопшти дека почина и 50-та жртва на терористичкиот напад во Крајстчрч, кога во петокот 28-годишниот белец расист Брентон Харисон Тарант од Австралија пукаше во верниците во две џамии за време на молитвата. Меѓу убиените се и едно 3-годишно и едно 4-годишно дете и 14-годишник.

Уште 34 жртви се в болница, од кои 12 во критична состојба, меѓу нив и 4-годишно девојче.

Советот за помош на жртвите собра 3 милиони долари со онлајн кампања за донации, а парите ќе им бидат поделени на семејствата.

Убиецот емитувал во живо на Фејсбук 17 минути од убивањето во џамијата во центарот на градот и видеото беше достапно на социјалните мрежи со часови шо нападот. Фејсбук, Твитер и Гугл ги отстрануваат сите снимки.

Фејсбук соопшти дека отстранил околу милион и пол снимки во првите 24 часа по нападот.

Поврзани новости