Обвинетите во предметот Титаник се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни на денешниот претрес со кој официјално започна судењето по овој предмет.
-Да, разбирам за што сум обвинет, но нема за што да се чувствувам виновен. Не сум сторил никакво кривично дело – рече Груевски кој е првообвинет во предметот.
Сите обвинети рекоа дека го разбираат обвинението против нив освен поранешната заменичка за правда, Билјана Бришкоска Бошковски.
-За жал и денес не можам да разберам зошто се наоѓам во овој предмет. Не знам зошто сум обвинета – рече таа.
Откако обвинителката повторно го прочита обвинението во делот каде е опфатена Бришкоска-Бошковски, таа рече дека не се чувствува виновна.
Поранешниот министер Миле Јанакиески освен што рече дека не се чувствува виновен додаде и дека обвинениеот го сфаќа како политичка порака на СДСМ против него.
М.В.