Гласачите од Пустец биле наградувани по 20 евра од глас за ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова на денешното презентирање на обвинителниот акт рече дека во текот на постапката ќе биде докажано дека државјани на Албанија кои биле носени да гласаат на изборите во Македонија, за тоа добивале и награда од 20 евра.

Според обвинителниот акт парите на гласачите од Пустец им ги давал градоначалникот  на Пустец, Едмонд Темелко.

Како што рече Стефанова, Груевски побарал од Јанкуловска да организира лица македонски државјани кои живеат во Република Албанија и Косово да добијат незаконско решение за живеалиште и лична карта и да влезат во избирачкиот список.

М.В.

Поврзани новости