Груевски: Нема проблем со медиумските слободи, туку медиумите се партиски

by Фокус

-Проблемот во Македонија не е дека нема доволно медиумски слободи, туку дека медиумите се партиски и ги поддржуваат или власта или опозицијата и многу малку се неутрални, изјави македонскиот премиер Никола Груевски во интервју за германскиот весник „Ди Пресе”.

На прашањето дали смета дека во државата има тотална корупција, Груевски рече дека „во највисоките ешалони на власта нема корупција, но тоа ќе го го реши конечно судот.“

Премиерот во интервјуто уште вели дека од досегашните препораки од Европската унија Македонија не добила многу, односно преговорите не биле започнати. Сепак, тој заклучува дека евентуалното повлекување на препораката за почеток на преговорите ќе биде чекор назад.

Груевски беше прашан и за можноста поставувањето на статуи како онаа на Александар Македонски да бидат контрапродуктивни во преговорите со Грција, на што македонскиот премиер одговори дека „Атина со години го провоцира Скопје и во Македонија има само две статуи поврзани со грчката историја.“

Поврзани новости