Нови половина милион евра за владини реклами за здрав живот

by Фокус

За вториот дел од маркетинг кампања за здрав живот Владата ќе потроши уште половина милион евра. Парите ќе бидат за ТВ и радио спотови, билборди, реклами на интернет, во весници и на автобуси. Во овој дел од кампањата фокусот ќе биде ставен на свеста за значењето на редовната физичка активност.

Избрани се три компании кои ќе треба да ја реализираат кампањата и тие имаат рок од три месеци за подготовка на медиумските производи. Тоа би значело дека рекламите ќе почнат да се емитуваат од септември.

И за првиот дел од кампањата за здрав живот беа потрошени половина милион евра, па заедно со вториот дел, кампањата ќе чини вкупно еден милион евра.

Поврзани новости