Груевски не се појави на лидерската средба

by Фокус

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не дојде во Клубот на пратеници каде се одржува лидерската средба со амбасадорот на САД, Џес Бејли, и претставници на ЕУ. Почетокот на средбата беше закажан за 15 часот и започна без Груевски. Нема информации дали поранешниот премиер подоцна ќе се приклучи на средбата.

На средбата амбасадорите им го презентираат извештајот за тоа дали има услови за одржување на фер избори на лидерите кои дојдоа: Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. Потоа извештајот ќе биде презентиран и на јавноста.

 

Поврзани новости