Вонредна лидерска средба пред објавувањето на извештајот

by Фокус

Вондредна средба на четворицата лидери на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА е закажана во 15 часот во Клубот на пратеници. На средбата Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, ќе се сретнат со амбасадорот на САД Џес Бејли и претставници на Мисијата на ЕУ во Скопје.

На средбата претставниците на ЕУ и САД ќе им ја соопштат оценкатата од извештајот за тоа дали има услови за фер избори на 24 април директно на лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино.

Извештајот кој првично требаше да биде објавен во 14:30 часот, поради лидерската средба, ќе биде објавен во 16:30 часот.

Поврзани новости