Бејли ја напушти лидерската за да му го однесе извештајот на Димитриев

by Фокус

Амбасадорот на САД, Џес Бејли, пред малку ја напушти лидерската средба на која на политичките лидери им ја презентираше оценката за тоа дали има услови за избори на 24 април. Тој отиде да му го однесе извештајот на техничкиот премиер Емил Димитриев.

На лидерската средба не се појави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Од неговата партија не соопштија зошто тој не дојде во Клубот на пратениците.

Се очекува оценката за условите за избори да биде објавена во 19 часот пред Влада.

Поврзани новости