Груевски: Не бегам од одговорност, ама за тоа ќе се дискутира по изборите

by fokus 21:52
21:52

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва е гостин на телевизија Алфа, каде дојде со повеќе од половина час задоцнување. Зборуваше дека изборниот резултат се должи на притисоци и поткуп од СДСМ, а второстепено на тоа што ВМРО-ДПМНЕ се обидела да придобие гласачи кои традиционално не се нивни поддржувачи.

-Мора да извлечеме поука. Да направиме длабинска анализа и партијата да продолжи по патот кој го сакаат 450.000 гласачи кои не поддржаа во декември. Не е срамота да се обидете да освоите други гласови, на луѓе кои традиционално не се наши гласачи, но изгледа ние тоа го направивме многу нагло. По дефиниција одговорноста ја носи првиот човек и јас не бегам од тоа, но за тоа ќе се дискутира после изборите. Ќе се постават работите онака како што е најдобро за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија, рече Груевски потсетувајќи се од листови кои стојат пред него.

- Advertising -

Поврзани новости