Груевски: МВР го прислушува раководството на ВМРО-ДПМНЕ и УБК има отворено досие за нас

by fokus 22:08
22:08

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во вечерашното интервју на Алфа рече дека имале информација дека стотина луѓе од ВМРО-ДПМНЕ се прислушувани.

-Имаме информација дека целото раковоство на ВМРО-ДПМНЕ е прислушувани. Тоа е организирано. Второ, во УБК отворено е досие под името „Македонски екстремизам и тероризам“ против ВМРО-ДПМНЕ. Нашите информации велат дека тоа го прави МВР. Каде да го пријавиме, кај нив истите? Крајна цел не е само ВМРО и јас, крајна цел е да се сузбие секој самомислечки Македонец, за сакањето на државата да стане демоде, а модерно да биде хомосеклусални паради и посвојување деца од хомосексуалци, заклучи Груевски.

- Advertising -

Поврзани новости