Заев: Ние сме левичари, ќе донесеме Закон за бенефициран стаж на рударите

by fokus

Наредната година го носиме законот со кој ќе се регулира бенефицираниот стаж на рударите, затоа што сме левичари и го почитуваме работникот, а рударот е врв на работникот, изјави денеска премиерот Зоран Заев на митингот во Македонска Каменица.

-Кој ли се нема бенифициран стаж во Македонија, а потребата од бенефициран стаж тргна од тешката мака на рударот. Затоа, да знаете дека и таа правда ќе дојде овде и преку бенефициран стаж, рударите полесно и побрзо ќе одат во пензија, а тоа ќе отвори нови работни места на младите луѓе, рече Заев обраќајки се до рударите.

Тој се обрати и до младите порачувајќи им дека Владата со економските политики создава услови младите да останат во родните места.

Поврзани новости