Она што ВМРО-ДПМНЕ го ветува е реално и остварливо, а она што нашите политички опоненти го говорат се најчесто празни зборови, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
– Нас не разликуваат од нашите политички противници. Особено во едни многу сложени околности, какви што имавме кога правеа се за да не дефокусираат, оцрнат, оддалечат од она за што сме избрани од вас граѓаните на фер, демократски и легитимни избори. Ние не застанавме, продолживме да работиме на создавање на дела, мерки и проекти што ќе го подобрат животот на сите граѓани. Затоа, знаејќи дека успеавме да го направиме ова во еден исклучително бурен политички период, цврсто сме убедени дека по убедливата победа на следните парламентарни избори, ќе продолжиме да работиме посветено на создавање проекти – рече Груевски.