ИКС: Провладините медиуми и служат на власта и се пресметуваат со неистомислениците

by Фокус

Користење на телевизиските вести како политички маркетинг на владата и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, селективно цензурирање на политичкото изразување, оркестрирана медиумска пресметка со неистомислениците – овое трендови се забележуваат при известувањето на провладините медиумите медиуми, покажало набљудувањето на Институтот за комуникаци во фебруари.

„Во вестите некритички се презентира само позитивна слика за работењето на власта. Новинарството ја губи функцијата на чувар на јавниот интерес и неутрален и дистанциран критичар: наместо да го штити интересот на граѓаните тоа се претвора во информативна пропаганда на партијата на власт“, стои во извештајот.

Понатаму, во него се наведува дека стратегијата на партијата на власт да „дозволи“ извесен пристап на опозицијата до провладините медиуми има за цел да создаде лажна слика за плурализмот и избалансираноста во вестите и во дебатните емисии.

„Продолжува стратегијата на диригирано оркестрирање со уредувачката политика на провладините телевизии, со цел одделни политички актери, институции и организации да се дискредитираат и делегитимираат во јавноста, пишува во извештајот.

Поврзани новости