Груевски најави изградба на нов студентски дом

by Фокус

Во деновите кога студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ мака мачат бидејќи им врне во собите, премиерот Никола Груевски во интервју на Сител дадено вчера, најави дека Владата „интерено“ веќе имала донесено одлука за изградба на нов студентски дом. Локацијата уште не била дефинирана, а домот ќе бил со капацитет од 500 до 1000 студенти.

-Ние како Влада интерно веќе имаме донесено одлука за изградба на нов студентски дом во Скопје. Постоечките студентски домови се од нас реновинарни. Изградени се и нови, нов комплекс во Гази Баба, а останатаите се реновираа темелно. Имавме одредени реновирања во „Кузман“, по нешто и во „Гоце Делчев“. Но, она што е клучно е дека планираме да почнеме подготовки за градба на нов студенстки дом во кој би се сместиле меѓу 500 и 1.000 лица, зависно од потребите. Размислуваме за локацијата каде ќе биде, рече Груевски.

Тој додаде дека можни локации се Центар, Гази Баба, Ѓорче Петров, а можеби и некоја четврта локација. Во интерјвуто премиерот Груевски не заборави да каже дека за време на СДСМ камен на камен не се ставило, а се што било реновирање или градба на нови домови било во овој период од кога ВМРО-ДПМНЕ  е на власт.

Поврзани новости