На Денот на востанието срушен споменикот на Димитрие Чуповски

by Фокус

Откако споменикот на цар Самоил пред еден месец беше поместен неколку метри наназад , на Денот на востанието – 11 октомври, властите го урнаа споменикот на Димитрие Чуповски, кој се наоѓаше на плоштад Македонија.

Неговото поставување ги чинеше граѓаните 80.000 евра. Засега не се знае колку чини неговото рушење, како и колку пари од Буџетот ќе треба да се издвојат за неговото повторно поставување. Не се знае ниту која ќе биде новата локација на споменикот на револуционерот Димитрие Чуповски.

Споменикот на Димитрие Чуповски беше дел од „Скопје 2014“ и имаше постамент од 3,5 метри, а самиот споменик беше спо висина од 5 метри.

Поврзани новости