Груевски на својот наследник му порача да ги придобие симпатиите на Албанците

by fokus

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од партискиот конгрес му порача на неговиот наследник да ги придобие симпатиите на Албанците.

– Треба сите да сме свесни дека една од слабостите на досегашното раководство беше исклучително лошата и погрешна перцепција на партијата кај Албанците во Македонија. Новото раководство треба да напрви анализа каде погрешивме или направивме превид ние што дозволивме до тој степен да има лоша перцепција кај алабанското население. Тоа треба да се исправи, особено затоа што непостојат фундаментални причини за тоа. Историски гледно ВМРО имала одлична соработка со Албанците во Македонија. Нема причина тоа не е така и во иднина. Важно е новото раководство да продолжи да ја јакне соработката со коалициските парнери од За подобра Македонија, затоа тие се многу важни за победа, рече Груевски.

 

Поврзани новости