Груевски: ММФ ја демаскираше лагата на СДСМ дека Владата ја презадолжува Македонија

by Фокус

Премиерот Никола Груевски денеска, по пуштањето во употреба на новата опрема во ГОБ „8 Септември“, рече дека последниот извештај од ММФ  покажува дека Македонија е во петте најниско задолжени земји и дека странските инвестиции ќе отворат нови 30 илјади работни места.

-Тоа е валоризација на работата на Владата и демаскирање на лажната слика која ја претставувала опозицијата дека власта ја презадолжува земјата, дека ќе има крах, дека долгот е екстремно висок, рече денеска премиерот Никола Груевски.

Тој додаде дека од особена важност било тоа што ММФ го потенцира делот со странските инвестиции.

-Во тој дел укажуваат на успешноста на владините политики и прогнозираат дека од странските инвестиции ќе следи отворање на нови 30 илјади работни места. Значи, тоа веќе не го кажува Владата, туку ММФ, рече Груевски.

 

 

Поврзани новости