СДСМ: За ММФ договорот кој предвидува оставка на Груевски е услов за економски остварувања

by Фокус

Груевски нема храброст целосно да ги чита извештаите на меѓународните финансиски институции, затоа изгледа зборува за привиденија, реагираат од опозициската СДСМ на изјавата на премиерот дека извештајот на ММФ ја демаскирал сликата дека власта ја презадолжувала земјата.

-ММФ децидно вели дека е неопходно спроведување на политичкиот договор како основа за стабилизирање на економијата. Тој договор подразбира специјален обвинител и оставка на Груевски. Она од што најмногу се плаши Груевски, ММФ го наведува како услов за економски остварувања, стои во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ посочуваат дека во извештајот на ММФ стои дека актуелната Влада од 2008 година двојно го зголемила јавниот долг, односно двојно ги задолжила граѓаните, а пониските приходи и најавените расходи ќе го зголемуваат дефицитот и тој ќе порасне далеку над планираниот со Буџетот, што значи нови задолжувања.

Поврзани новости