Првата странска инвестиција си заминува од Македонија

by Фокус

Првата странска инвестиција која дојде во Македонија, „Џонсон контролс“, а сега „Вистеон Електроник“, си заминува од Бунарџик. Од компанијата велат дека прчините за ваквата одлука се падот на продажбата и потребата од преструктуирање на производството. Додаваат дека во моментов во тек се преговори со повеќе фирми кои би го презеле нивното производство во Бунарџик и би задржале дел од вработените.

-На 1 јуни Вистеон ги информираше вработените во производствената фабрика во Скопје дека компанијата планира да престане со работа во овие погони до крајот на 2016 година, поради вишок капацитети во европското производство на компанијата, изјави за Алсат-М, Џона Кристенсен, одговорна за комуникации во „Вистеон“ од Велика Британија.

„Џонсон Контролс“ својата фабрика ја отвори во 2006 година во Бунарџик, а лани беше продадена на британската „Вистеон Електроник“. Другата фабрика која „Џонсон Контолс“ ја отвори во Штип остана во нивна сопственост.

Поврзани новости