СДСМ: Груевски призна дека потрошил 600.000 за мерцедес

by Фокус 17:58
17:58

Опозициската СДСМ реагира на изјавата на премиерот Никола Груевски, кој рече дека мерцедесот од 600.000 евра бил купен за високи гости, а не за него. Од СДСМ велат дека Груевски признал дека потрошил толку многу од парите на народот за да купи мерцедес.

-Наивно Груевски се обидува да се оправда дека нарачката што самиот си ја правеше, „да биде фул“, „со масажери“ и „екрани назад“ наводно бил за високи гости. Дали „високите гости“, за коишто лажно зборува Груевски, се возеа со мерцедесот па затоа индустриските зони во Гевгелија, „Опаленик“ кај Крушево, Вардарската силиконска долина со години се празни ливади?, се вели во реакцијата на СДСМ.

- Advertisements -

Од опозициската партија потсетија и на очилата од 60.000 долари со кои Груевски беше сликан на плажа во Израел.

-Дали и скапите очила од 60 илјади долари на Груевски, познати од плажите во Израел, се исто така за високи гости? Или можеби Груевски ќе лаже дека ги купил за народот? Гледајќи преку лускузот на скапите очила Никола Груевски не сака да ја види маката на граѓаните коишто осиромашуваа десет години, додека тој се богатeше.Затоа граѓаните имаат идеја: збогум Никола, велат од СДСМ.

Поврзани новости