401
Политичката криза треба да се реши со разумен компромис, но опозицијата не делува во таква насока, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
– Мене се уште ми стои впечатокот дека другата страна прави се да не дојдеме до договор. Низ чекорите кои ги прават во деновите што поминуваат тие практично постапуваат колку што е можно понелогични услови со цел да не се договориме и да можат да го продолжат периодот на политичка криза која би имала влијание на економијата. На тој начин, опозицијата се надева дека ќе дојде до пад на економијата и шанса луѓето да почнат да се разочаруваат од ВМРО-ДПМНЕ и да гласаат за СДСМ – рече тој.