Заев: Дојде крајот на Груевски

by Фокус

Политичкиот дијалог со цел надминување на политичката криза неопходно е да финишира со договор за организација на влада којашто ќе спроведе фер и демократски избори во Македонија, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев.

– Преговорите ги водиме сериозно, но ослободени од притисок. За некои црвени линии не може да има отстапки. Аргументите се на наша страна. Нашите ставови се потврдени состојби во сите последните извештаи на Стејт Департментот, на експертската група на Европската комисија предводена од Рајнхард Прибе, на ОН. Крајот на Груевски е дојден, прашање на модалитети е неговото заминување – истакна Заев.

Според него, проектот „Вистината за Македонија“ ја покажала злоупотребата на власта во земјава.

Поврзани новости