Груевски: Крајната цел на СДСМ е да ги направи модерни геј браковите и да ја легализира марихуаната

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска продолжи со теориите на заговор кој според него се крајна цел на власта на СДСМ. Тој денеска на средба со граѓани на Росоман рече дека овие денови сме биле сведоци на психолошка војна, втерување страв и закани со бркање од работа.

-Во Македонија спроведоа африкански избори. Стигнавме на рангот на Сомалија и Кенија. Слики на партиски активисти во натпревар чич пиштол е поголем и подобро пука, а полицијата молчи. Молчи затоа што е соучесник во сите овие работи. Секој ден со име и со презиме дознаваме како потплаќаат гласови, информираме, но нема реакција. Крајната цел на сето ова што го прават е да се сузбие секој слободномислечки Македонец кој се грижи за својата држава, кој си ја сака својата земја, својот идентитет, своето име, јазик. И преку разни механизми да се создаде една општа претстава  дека не е модерно човек да си ја сака земјата и да се грижи за неа, туку дека модерно е геј бракови,  хомосексуални бракови да посвојуваат деца, да се легализира марихуаната, да се максимизира алкохолот. Нормалното го прават ненормално, а ненормалното-нормално. Секој кој ќе помисли да ја штити државата, како што беше на 27-ми април, секој кој снимал документарни филмови за македонската историја, за македонските херои или кој бил вклучен во градба на споменици на македонските херои кои ги дале животите за нашата слобода, треба да се плаши дали ќе биде наместен или притиснат или под било каков процес, вели Груевски.

Поврзани новости