Груевски ќе им го поправа видот на младите

by Фокус

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска презентираше шест нови проекти наменети за младите. Два од овие проекти се однесуваат за подобрување на видот кај средношколците и студентите, односно Фондот за здравство да ги покрива трошиците.

Првиот проект се однесува на бесплатна ласерска корекција на диоптрија за студентите кои имаат проблем со својот вид и таа ќе се однесува за сите студенти од 18 до 26 години кои потекнуваат од семејства со остварен годишен нето приход до околу 115 илјади денари. Трошоците за ласерската корекција на видот ќе бидат на Фондот за здравствено осигурување, а оваа мерка ќе почне да се применува од 2017 година за што претходно ќе бидат направени неопходните измени во Законот за здравствено осигурување.

Вториот проект е обезбедување бесплатни леќи и очни помагала за средношколците и студентите од 14 до 26 годишна возраст кои потекнуваат од семејства чии вкупни месечни приходи не надминуваат бруто износ од  околу 32.000 денари.

 

 

Поврзани новости