Бојчевски: Прифаќаме Парк на толеранцијата, ама со крст во него

by Фокус

Претседателот на Советот на општина Бутел, Боби Бојчевски, денеска рече дека изградбата на крстот во Бутел останува, а прифатливо е и  решение доколку се донесе одлука да се гради Парк на толеранцијата, но во него да има и крст.

-Јас би поддржал на тоа место да има крст и Парк на толеранција, бидејќи во општината според последниот попис имаме 70 % македонско насeление и 30 % население од други националности. Уште еднаш го замолувам: пуштете луѓе да го обезбедат, да нема жртви, да не се направат меѓуетнички конфликт меѓу Македонците и Албанците, рече Бојчевски.

Сепак, претседателот на Советот на општина Бутел изјави дека досега никој не го повикал да се разговара за изградба на Парк на толеранцијата.

Поврзани новости