Никола Груевски ја ,,приземји” министерката за култура и пратеничка, една од најдотераните жени во политиката кај нас, Елизабета Канческа Милевска.
Денеска, тие вршеа увид во градежните работи на Турскиот и Албанскиот театар, а Бети (46), позната по својот префинет моден стил и по високите потпетици, прв пат јавноста имаше можност да ја види во спортско – лежерна комбинација, приземјена во ниски спортски патики.
Покрај патиките, таа на себе имаше и фармерки, дизајнерски каиш, памучна маичка и лесна раскопчана блуза во сива боја.
Откако во 2008 година стапи на функцијата министерка за култура, таа секогаш се појавуваше на јавни настани средена од глава до пети, а највпечатлив детал неретко и беа интересните и уникатни високи потпетици.
Дури и се пишуваше за тоа како Милевска често ги комбинира штиклите со пригодата на која што е поканета, а пред неколку години медумите известуваа за нејзините високи потпетици со животниски принт, купени од странство, со кои се појави на изложба на фрески, чии што мотиви идеално се совпаднаа со нејзиниот моден аутфит.
Покрај што е голем љубител на добрата штикла, таа е позната и како обожавателка на модниот бренд Версаче. Минатата година на Саемот на книги дојде со чанта од светскиот моден гигант, а познавачи на цените на чантите Версаче, тврдеа дека станува збор за модно парче кое што чини од 1.600 до 2.000 евра.
За елегантните комбинации со кои што таа најчесто се појавуваше на настани, во неколку пригоди има изјавено дека ги купила во странство, а нејзината слабост кон убавата гардероба е одамна позната.
,,Од малечка сум таква. И кога одев на забар, морав попатно да купам нешто, тоа е вродено и трае со години. А за првиот чекор ми е најважно да си се бендисам самата на себеси. Порано имав и време да внимавам на секој детал, не излегував од дома ако не ми се усогласени обетките со прстените или со некој друг детал. Инаку, сакам и пантолони и фустани во сите бои, со тоа што најубаво ми стојат светлите нијанси. Кога носам бела боја, бидејќи имам потемен тен, некако се доаѓа до израз. Накитот е задолжителен, сакам да создадам убава целина. За косата е задолжен фризер а на козметичар – не одам“- раскажуваше Милевска уште пред неколку години.
Токму затоа и изненади нејзиниот нов спортски имиџ, а посебно патиките. Не знаеме дали во прашање беше умор од предолго носење на штикли, дали Груевски ја посоветувал да облече патики поради нерамниот терен на кој што вршеа надгледување, или пак се работи за патики од познат моден бренд кои што пратеничката посакала да ги прошета на увидот.
Вики Клинчарова