Нимиц: Нова рунда разговори за името откако ќе се формира новата влада

by fokus 17:33
17:33

Ќе почекам да се формира новата влада во Скопје, по што ќе можеме да почнеме со нова рунда разговори околу решавањето на спорот со името. Со надминувањето на овој проблем ќе добие „клуч“ кој ќе ја отвори вратата за решавање и на други проблеми во регионот. Ова во интервју за грчкиот весник „Real News“ го изјави медијаторот во спорот со името Метју Нимиц.

Тој вели дека решенија имало, без да прецизира кои се тие, но е убеден дека со политичка волја на двете политички елити и народи, решение ќе се најдело.

- Advertisements -

„Може да се реши ако и двете земји и нивните лидери добијат поддршка од нивните народи, ако разгледаат нешто што е логично, што ќе го задржува достоинството на двете земји, идентитетот на двете земји, историската смисла на двете земји. Мислам дека постојат решенија. Евро атлантската димензија мислам дека е важен дел, бидејќи ги отвора вратите за ФИРОМ да влезе брзо во НАТО и во ЕУ“, вели Нимиц.

 

Поврзани новости