Груевски ја претставил кампањата за здрава храна на претседателката на СЗО за Европа

by Фокус

Премиерот Никола Груевски денеска се сретнал со со претседателката на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Зузана Јакаб.

Премиерот посочил дека Владата посветува големо внимание за унапредување на здравјето на граѓаните и реформи во здравствениот систем и истите се наоѓаат во врвот на приоритетите во работата на Владата.

Груевски ја информирал соговорничката дека Владата почна сеопфатна кампања за придобивките од консумирање на здрава храна и водење на здрав начин на живот, чија цел е заштита на здравјето на граѓаните и превенција од разни заболувања.

Тој се осврнал и на останатите реформи кои се преземаат во сферата на здравствениот систем, како што е обуката на лекари и размена на медицински персонал, реконструкција и опремување на болниците и подобрување на квалитетот на здравствените услуги.

– Претседателката на Светската здравствена организација за Европа, Зузана Јакаб го поздрави напредокот кој е направен во поглед на реформскиот процес, како и видливите влијанија од реформите кои се превземаат во тоа поле.  Јакаб даде позитивна оценка за кампањата на Владата за здрава храна и водење на здрав начин на живот, изразувајќи верување дека истата ќе вроди со позитивни ефекти – велат од Владата.

Поврзани новости