Груевски: Избори на 24 април мора да има

by Фокус

Премиерот Никола Груевски не даде конкретен датум кога ќе поднесе оставка од премиерската функција, како што предвидува договорот од Пржино постигнат меѓу четирите најголеми партии во земјава. Груевски рече дека договорот ќе го почитува до крај и нема да дозволи одложување на изборите предвидени за 24 април следната година, јави Алсат М.

„Договорот од Пржино мора да се испочитува и мора да има избори на 24 април 2016 година“ изјави Груевски на прашањата на новинарите.

Поврзани новости