Прекината блокадата на Ректоратот, стидентите со ултиматум до Стојковски

by Фокус

Прекината е блокадата на ректоратот. Студентскиот пленум и младинската организација „Мугра“ му оставија простор на ректорот Велимир Стојковски да се изјасни до четврток. Ректорот во моментот е во Русија и од таму треба да се врати в понеделник.

Истовремено, тие го повикаа на одговорност за ректорот Велимир Стојковски поради, како што велат, нецелосно транспарентно водење на постапката за градење на факултетите.

Студентите побараа да се свика итна седница на Сенатот на УКИМ, со цел да образложат дека е неизводливо зградите на ФИНКИ и на ФФК, да се подигнат на Кампусот на УКИМ.

Тие се свесни дека нивните колеги имаат потреба од достоинствени услови за студирање, но сметаат дека доколку новите згради се подигнат на првично предвидените локации, кај бараките на Електрофакултетот, Факултетот за физичка култура и Гази Баба, би било многу подобро решение.

Поврзани новости