394
Премиерот Никола Груевски не даде конкретен датум кога ќе поднесе оставка од премиерската функција, како што предвидува договорот од Пржино постигнат меѓу четирите најголеми партии во земјава. Груевски рече дека договорот ќе го почитува до крај и нема да дозволи одложување на изборите предвидени за 24 април следната година, јави Алсат М.