Владата усвоила план со нови реформи во однос на критичните точки кои ги нотира извештајот на ЕУ, а се однесуваат на владеењето на правото, медиумите, изборите, корупцијата. Ова го извести лично премиерот преку својот ФБ профил. Груевски напиша:
-Дејствуваме за потребите и интересите на сите граѓани, за достигнување и унапредување на европските стандарди и почеток на заслужените преговори за членство во ЕУ. На вчерашната седница усвоивме План за нови реформи за европската интеграција. Покрај постоечките реформи кои континуирано ги спроведуваме, ова е нов обемен и амбициозен план за кој верувам дека ќе овозможи дополнителен напредок. План базиран на нашите разговори со ЕУ и препораките на европските институции и експерти, фокусиран на унапредување на владеење на правото, слободите, изборното законодавство, борбата со криминалот и корупцијата. Прецизно, со конкретни мерки, рокови, носители на проекти и цели кои треба да се исполнат. Ангажман на цела Влада и ангажман на посебен тим на министри кои неделно ќе се среќаваат неколкупати со цел да ги подготвуваат и реализираат евро-реформите.
Ветувањето на Груевски доаѓа по потпишувањето на договорот од 2 јуни и анексот од 19 јуни со кој се согласи со спроведување на препораките на Европската комисија.