Градоначалникот Трајановски ќе потроши 488.000 евра за одржување на спомениците!

by fokus

Покрај неколкуте милиони евра кои беа потрошени за изградба и поставување на спомениците и фонтаните, низ централното градско подрачје, а како дел од проектот „Скопје 2014“, и понатаму не запираат трошоците. Градот Скопје одлучи да потроши 488.000 евра за одржување на фонтаните и спомен обележјата, во период од една година.

Овој тендер го доби градежната фирма „Бетон“ -Скопје, а склучениот договор денеска беше објавен на сајтот на Бирото за јавна набавка.

Вакви договори, за одржување на спомениците и фонтаните, беа склучени и во 2012 и 2014 година, со истата градежна фирма, за што вкупно со годинава, се потрошени 1,1 милион евра.

Поврзани новости