Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Мартин Протоѓер се следните функционери на оваа партија кои треба да се појават на распит за предметот „Титаник“ на Специјалното Јавно обвинителство, објави телевизија 24.
Според информациите, двајцата се дел од функционерите со кои СЈО ја прошири истаргата за изборни нерегуларности. СЈО веќе побарале од поранешниот премиер Груевски да даде исказ, но поради обврски тој го одложил распитот. Нов термин добил за наредните денови.
За екс шефот на кабинетот на Груевски и еден од неговите најдоверливи луѓе Протогер нема информаци кога треба да даде исказ и дали веќе добил покана.
Пред еден месец, обвинителката Катица Јанева изјави дека истрагата за предметот „Титаник“ е проширена за нови 17 лица, а тоа е првата истрага на СЈО за изборни нерегуларности.