СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и денеска со засилено темпо на испраќање соопштенија и контрасоопштенија

by Fokus

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжија со засилено темпо на испраќање соопштенија и контрасопштенија. Опозиционерите експресно реагираа на соопштението од ДПМНЕ дека на Македонија и се потребни нови избори, откако по едно претходно пуштија и двете партии.

Главно, во сите соопштенија опозиционерите наведуваат дека „вмровците“ намерно ја блокираат работата на Собранието, додека од ДПМНЕ постојано бараат нови избори.

– Единствен непријател на граѓаните на Македонија е криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кое во обид за сопствен спас сака да ја жртвува иднината на граѓаните и државата. Не е љубов и не е патриотизам да ги погазуваш и да ги уништуваш институциите на државата. Тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ 10 години, тоа го прават пратениците на Груевски и денес, блокирајки ги демократските процеси преку блокадата на Парламентот – се наведува во партиското соопштение на СДСМ.

 

Поврзани новости