Груевски и Јанакиески не им дозволија на медиумите да ги снимаат на обвинителна клупа

by fokus

Веќе час и половина во Основниот суд Скопје Скопје 1 се одржува подготвително рочиште за предметот на СЈО, во врска со насилството во општина Центар, во кој меѓу обвинетите се и поранешниот премиер Никола Груевски, ексминистерот Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште 11 други.

На почетокот на рочиштето обвинетите не им дозволија на медиумите да ги снимаат и фотографиираат додека седат на обвинтелна клупа, а единствено дозвола да ја вршат својата работа им даде специјалната обвинителка Фатиме Фетаи.

Судијката Татјана Михајлова постојано ја опменуваше обвинителката Фетаи, речиси недозволувајќи и да прозбори пред судот. Обвинителката, пак, реагираше дека поканата која ја добила од Судот се однесувала на одржување на главна расправа за овој случај која треба да започне со испрашување на обвинетите, а не со подготвително рочиште на кое се дискутираше за технички грешки во доказите.

Адвокатот на Груевски, Никола Додевски, побара од Судот како доказ да не ги дозволи таканаречените „бомби“, односно транскрипти од прислушуваните разговори на обвинетите. Во овој момент јавноста е исклучена од судницата за да можат да ги слушнат разговорите, а потоа Судот да донесе одлука дали да ги прифати како доказ или да ги одбие.

Додески се спротивстави и на предлогот на обвинителката Фетаи во случајот да биде сослушан и загорезен сведок, со образложение дека законот не дозволувал за вакво кривично дело, насилство, да биде употребен ваков сведок.

В.В.

Поврзани новости