Победникот на Ораторската вечер го заврши својот говор со цитат од Никола Младенов

by fokus

На овогодинешната Ораторска вечер ,,Иво Пухан“ која секоја година се одржува на Правниот факултет во Скопје победи Ѓорѓи Рајчиноски со говор посветен на студентското организирање, односно на студентите и нивната борба во изминативе две години.

-А Универзитетот остана нем. Молчеше ректорот. Молчеа деканите. Професорите молчеа исто така. Ја отфлија одговорноста, а постоеше начин, начин кој сè уште постои, за тие да го решат ова прашање. Но, зарем ќе чекаме да го решат ова прашање луѓе кои ја веднат главата за да останат на својата функција? Зарем ќе чекаме помош од луѓе кои немаат став по најважните политичко-општествени промени? Ајде да не чекаме благо реформирање и ситуацијата да ја земеме во свои раце. Ајде да го завршиме она што го почнавме и да повлечеме рез со кој ние ќе бидеме тие кои ќе го дадат решението на проблемот. Бидејќи сметам дека сме способни за тоа, Ве повикувам на револуција!, гласеше еден дел од победничкиот говор.

Рајчиноски говорот го заврши со зборови и мисла од основачот на неделникот „Фокус“, Никола Младенов: „Затоа, ние мораме и ќе го направиме ова општество, општество на слободни луѓе, а не збиршнита од безрбетници! И тука – нема компромис!“.

К.С.

 

Поврзани новости