Груевски и Хајндл разгледувале „различни можности за излез од кризата”

by Фокус
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и специјалниот пратеник на министерот за надворешни работи на Германија, Јоханес Хајндл денеска пак седнаа на маса во обид да најдат решение за излез од кризата.

Од партијата информираат дека Груевски на средбата истакнал дека неговата партија е посветена кон изнаоѓање на решенија за брз излез од „наметната политичка криза“ .

– При носењето на одлуките ВМРО-ДПМНЕ се води од начелата содржани во Уставот, Законите и волјата на граѓаните притоа штитејќи го интересот на државата и затоа е потребно изнаоѓање на решенија со кој брзо ќе се надмине кризата и ќе се врати државата на патеките на напредокот и економскиот развој. За тоа е потребна функционална влада со полн легитимитет за реализација на ветените проекти од програмата и враќањето на сигурноста кај граѓаните при што ќе се помогне и во реализација на реформите кои произлегуваат како обврска од извештајот на Прибе важни за реализација на евроинтеграциските процеси“ истакнал Груевски, стои во соопштението.

 Инаку, Хајндл при минатонеделната посета соопшти дека е дојден да ги слушне ставовите на четирите партии, и дека потоа на следната посета, во координација со ЕУ и САД, ќе излезе со конкретни предлози за решавањето на политичката криза.