Груевски го виде Ердоган

by Фокус

Македонскиот премиерот денеска се сретнал со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган при посетата на Никола Груевски  на оваа соседна земја, информираа доцна вечерва од владата.

– Премиерот му ја честиташе победата на Ердоган и му посака успех во водењето на државата. Тој посочи дека билатералните односи се одлични, а честите средби на политичко ниво се потврда за пријателството кое се развива меѓу двете држави. Груевски го запозна претседателот Ердоган со реформите и чекорите кои се преземаат на економски план, и притоа укажа на тоа дека се залага за динамизирање на економската соработка меѓу двете земји – велат од Владата.

Премиерот го информирал Ердоган за целта на посетата која е економско-политичка.

– Тој истакна дека турските компании се добредојдени во Македонија, а оние кои се решија да инвестираат имаат позитивно искуство од условите за инвестирање. Премиерот изрази надеж за продолжување и продлабочување на пријателството и соработката во повеќе сфери од заеднички интерес – информираат владините служби.

Поврзани новости