Семејството на исчезнатата девојка: Истрагата за Дениса се водеше крајно несериозно!

by lali 16:39
16:39

Се огласи семејството на 23-годишната Дениса Маркоска од Прилеп која исчезна од рускиот брод Serenissima каде што работела две години. Членови од блиското семејство со кои зборувавме тврдат дека се крајно разочарани од истрагата што се водела дента кога екипажот на бродот забележал дека Дениса е исчезната.

„Бродот се движел од Родос кон Крит. На 12 септември, околу 2.30 часот утрината, таа седела на палубата заедно со колегите и останала да ја допуши цигарата. Околу 5.30 часот пекарот слушнал како и ѕвони алармот на мобилниот телефон, но неа ја немало. Тогаш бродот бил на отворено море, известен бил капетанот, но бродот не го закотвиле, туку продолжиле да патуваат уште 3 часа до Крит! Па кажете ми, дали е тоа одговорно?! На Крит патниците си излегле и никој од нив не дал изјава на полицијата“, вели член на семејството кој сакаше да остане анонимен.

- Advertisements -

boat_DSC_5367

Тие се крајно разочарани и од односот на дел медиуми кои пренесоа дека Дениса всушност се самоубила.

„Се обративме до медиумите за помош, за да се изврши притисок, а не за да шират шпекулации и невистини. Дениса беше среќна, весела, пред 10 дена славеше роденден, нема никаква шанса да извршила самоубиство! Па таа беше еден од највредните работници, а животна желба и беше да ги види Карибите. Со новиот договор што го потпиша наредната дестинација требаше да бидат токму Карибите, толку беше среќна кога го дозна тоа, не можам да ви опишам…“, низ солзи раскажува роднина на младата Дениса.

Според членовите на семејството, по исчезнувањето на 23-годишната девојка, од капетанот на бродот тие добиле само едно писменце на кое пишувало дека „жали за загубата и дека Дениса била многу вреден работник“.

„Се што бараме е да ја знаеме вистината. Но, како да се дознае вистината кога целата истрага од самиот почеток беше водена крајно неодговорно? Личните работи на Дениса не биле ни претресени, само ни ги спакуваа и ни ги вратија назад“, раскажуваат роднините.

Туристичкиот брод Serenissima е руски брод на кој работат претежно Македонци и Хрвати. Единствено капетанот и мал дел од екипажот биле Руси.

Во истрагата за случајот сега е инволвиран и Интерпол, а од МНР веќе изјавија дека се во контакт со грчките власти со цел да се направи детална и исцрпна истрага за тоа што всушност се случило утрото на 13 септември.

Поврзани новости