439
ВМРО-ДПМНЕ им доставила на ДУИ писмен документ во кој се согласиле за сите барања од платформата на Албанците, меѓу кои е и официјализирање на албанскиот јазик. Единствено, партиите не успеале да се согласат околу продолжување на мандатот на СЈО.
Ова го изјави Рафиз Алити од ДУИ во интервју за Телма, додавајќи дека во документот била наведена и распределбата на министерски места меѓу двете партии во новиот состав на идната влада.
Според Алити, токму продолжувањето на мандатот на оваа институција било главна пречка двете партии да не можат да се договорат за владина коалиција.