Милошоски: ДУИ не инсистираше за СЈО толку колку што прикажува во јавност

by fokus

 

-Камен на сопнување во преговорите со ДУИ беше барањето за воведување двојазичност на цела територија на Македонија, тврди Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, по изјавите на ДУИ дека партијата на Никола Груевски ги прифатила сите нивни барања, освен продолжување на мандатот на СЈО.

Милошоски, во емисијата „10 минути” на ТВ21, демантира дека ВМРО-ДПМНЕ за ова и дала и писмени гаранции на ДУИ.

Од ДУИ пак, тврдат дека преговорите пропаднале поради несогласувањето околу продолжување на мандатот на СЈО. Според Милошоски, во преговорите немало голема дебата за СЈО, бидејќи како што вели, ДУИ не инсистирала многу на ова прашање.

–  Во преговорите 10 отсто беа посветени за мандатот на СЈО, 80 отсто за албанскиот јазик и 10 отсто за други теми…Преговорите главно пропаднаа поради јазичното прашање. Во однос на СЈО, двете партии се договорија дека не можат да се договорат, а ниту ДУИ не инсистираше толку колку што го прикажува тоа во јавност – вели Милошоски.

На прашањето дали е можно рестартирање на преговорите, Милошоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ  е отворена за таква опција, доколку ДУИ покаже интерес за тоа.

Поврзани новости