СЈО засилено истражува во Битола

by fokus

 

Три тимови на Специјалното јавно обвинителство повторно истражуваат во Битола. Два тима се испратени во РЕК Битола, а еден во Битолската млекарница.

Од СЈО не откриваат детали за истрагите, со образложение дека се работи за предистражна постапка поврзана со наоди од прислушуваните разговори.

Од таму не откриваат и дали станува збор за нов предмет или пак за истата истрага што беше спроведена во октомври минатата година, кога СЈО прв пат влезе во РЕК Битола.  Неофицијално, предмет на истрагите на СЈО беа тендерите за ископување на згура и транспортот на јаглен.

Од ЕЛЕМ не ја коментираат истрагата на СЈО и само велат дека се отворени за соработка.

Нема коментар ниту од Битолската млекарница.

Поврзани новости